слуша (гл.) - тропање (имн.)

Повремено, кога некој од камионите ќе потскокнеше на патот, се слушаше тропање на метал: сите заробеници имаа окови на нозете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па слушам тропање на врата. Овој уште стои обесен на пенџерето, а некој тропа на вратата. Значи - не е сам, значи не идат од мака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слуша тропање на многу нозе, тапи удари на нееднакви чекори по тврда, камена земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„ Го слушам тропањето на твоите патерици врз калдрмава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Одоздола се слушаше тропање на чизми, во куќата и околу неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И само што почнавме да јадеме, само што се фативме за лебот, што се вели, однадвор почна да се слуша тропање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја отворам вратата, а озгора по скалите, слушам тропање: тупу, тупу, нозе ќе искрши некој по басамаците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)