слуша (гл.) - глас (имн.)

Татко ми загрижено го слушаше гласот од радиото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го стиши радиото, козите се смирија, а ние продолживме да го слушаме гласот на спикерот од радиото: – Козари, освестете се, да не биде доцна, оставете ги козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакам да ги читам бидејќи можам да го слушам гласот на Харви во мојата глава, но сепак изгледа како да постои непишан закон за неговото ривалство со Арт Спигелман.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но јас спремив одмазда; тој ќе мора да работи на сликичките за мастики со Симпсонови за Топс. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Госпожица Балоница, госпожица Балоница, бегајте!“, се слуша глас зад сцената, но нашите тројца херои се чини дека тоа не го ни забележуваат) Margina #19-20 [1995] | okno.mk 73
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога престана да му го слуша гласот, таа влезе во собата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Монах стои пред портите манастирски И гледа таму, отиде планините, отаде морето Минува Елена. Ѝ го препознава одот, Ѝ го слуша гласот и гледа Врз пладнето – сонцето ја запишува нејзината лика И ја остава пред него како икона.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го слуша гласот на дечињата некогаш што трчаа зад него, Ги гледа млекарите со полни ведра квечерина кога минуваат покрај старците, Се сеќава на кондураџијата везден што распрашува колку патува писмо до Америка,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да, ќе влезе. ... - Мирно си ама се плашиш! - пак се слуша гласот на Тошета.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ване, стани сине, донеси некое дрвце однадвор! - пак се слуша гласот на мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Митко молчи и наслушнува. - Детето е внатре, детето! - го слуша гласот на татка си. - Тато! - Тато! - викна Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Поминува извесно време. - Ване! - пак се слуша гласот на мајка му. - Што сакаш? - Иди синко, купи леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Максим Акиноски се истави од прозорецот, оди кај масата,се наведнува над цртежот прострен на неа со намера да продолжи да црта, но веднаш потоа со брзи и долги чекори пак се враќа на прозорецот и лут на себеси, првин што се зафаќа да ги слуша гласовите на лишките, а потоа што подлегнува на народските верувања во нивните способности да искобат нешто лошо, го гледа Васила Митрески кој постојано навалувајќи се на лева страна, на страната на покусата нога, откај `рвениците и низ огратчето оди кај копите во гумното.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некое време чекаат да се отвори портата и да ги прими внатре на Имотот, а потоа однатре, од зад портата, се слуша гласот на Васила Митрески, тој е втор доверлив Максимов човек на Имотот и дека е алипен на едната нога чувар е на сиот куќен имот Акиноски, па затоа единствен тој во овие погани времиња ги има во себе клучевите од сите имотски порти и визбите: Вие сте, господару, прашува Васил. Ние сме, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- А сандакот? - прашува Огнена и гледа кон столарот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сѐ е в ред со Огнена – му го слушам гласот - а сега и коњот да го ослободиме од незгодата - додава и се оддалечува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ги има двајца.“ Како и секој кој прв пат го слуша гласот на Бил Девит, Боб се сепна од дебелината на звукот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Бегајте!!! – се слушаа гласови што се губеа во бучавата на авионите, кои тој ден и наредниот не го напуштаа небото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се слушаат гласови дека делото на расплатата меѓу кутриот македонски народ и Османлиите се готви од Организацијата на 9 мај.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што ќе ми значеа свадбата и свадбарите, и ѓаволот и јарето, ако го слушав гласот на Јордан Арето, или ако не го гледав орловиот нос на Караѓоз и самиот излезен од сказните, од темнината на приказните оние што ги кажуваа и раскажуваа, ноќта спроти Св.Никола, во топлата одаја на тетин Никола?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Никој не ги забележува моите указанија, никој не го слуша гласот на петелот, никој не го знае модриот прстен на левата рака на продавачот на петли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едно време устата му се отвора, но не се слуша глас.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Гледајќи го таков, Неда застанува пред него; како заштита. Дури со третото ѕвонење се слуша гласот на Милка.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Наведнат над книгата, Арсо го слуша гласот на мајка си далечен и нереален: - Дојди на ручек, Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И како што си велам така, вели, однекаде, оддалеку, ко од друго село, слушам глас: Ајде жено, се раздени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото слушам гласови. Како да ми идат од преку некои ѕидишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушавме гласови, лелеци. Ама не смееш да застанеш, да откопуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И си го слушам гласот, како што го слушам гласот од бабинецот, кога врвевме крај општината Мицева во Дебел рид.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стивна пукањето и однадвор слушаме глас: - Предај се, војводо, оти жив ќе изгориш, вели, предај се и ќе ти прости царот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто се патува по невиделица, зошто не се слуша гласот на видовитата и од господа почитувана старост?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како подарок донесоа дел од гнила пенушка и се згуснаа околу огнот. Наеднаш стана потопло и пошумно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот внатрешен метеж ги обземал и другите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги слушав гласовите и пак пловев во треска преку она село со мртви покриви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во моментот кога ја вовира главата под горниот дел од прозорецот за да скокне, се слуша гласот исплашен на Илија).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја истуркавме војната, време е да те вдомиме! - како да го слушаше гласот на Серафим, татко ѝ, кој не беше со пушка в раце, но во секоја прилика ги помагаше партизаните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А, зошто мислите дека мене некој ќе ме чека? - Па, така. Сѐ почесто слушам гласови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада слушаше глас, длабок баритон кој би го препознала и меѓу милион. Дури тогаш ѝ олесна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со никаква наредба не можеа срцата да ни ги разделат, очите да ни ги заградат да не се намигаат, мислите да не разговараат, срцето да не го слуша гласот на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги гледа со фенерите в раце, им го слуша гласот: „Богдане... Богдане...“ и молчи стутулен. А кога ќе одминеа, се враќаше дома и ги чекаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја ниша, но зад себе го слуша гласот на нејзиниот маж Вајс: „Ја отрув, за да не ме отруе таа мене...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Небаре од далечина го слуша гласот на дедо попот: - Многу присутни го хулеле Христа велејќи: - Ако си Син Божји спаси се себеси!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Често кога ќе зашумат лисјата, на луѓето им се присторува како да го слушаат гласот, шепотот, на нивните умрени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оттаму се слуша глас: — Не си а давам, неее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И колку се плашеше да се сретне со неа насамо, толку сакаше да и го слуша гласот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Сноп, сноп. Поарно е сноп! — се слушаат гласови одзади од собраната група.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во темницата на третиот или четвртиот вагон го слуша гласот на мајката на Ангелина во кој навираат клетви и темни претскажувања.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако тој зборува а никое од дечињава не му го слуша гласот, тогаш сигурно длабоко спијам и сонувам па можам и јас некој лаф да му плеснам и сигурно никој нема да ме слушне и ја отчепува и таа својата уста.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во мигот го слуша гласот на Богородица која го моли деверот да не излегува по вакво време, а тој дека оди да земе нешто од она што го исфрла Дине, за да го спотнел огнот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чиниш го слушале гласот на Чана па сега ѓамкаат околу тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Не му се слуша глас, но усните видливо нешто му изговараат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Верувај пријателе како да го слушам гласот на провидението така да постапам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И многу кинвали имаше со земја покриени и се гледаше подолу едно златно езеро и се слушаше глас дека ништо не нѐ дели од затемнувањето Тоа беше ден на скитања.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сега често од далеку слуша глас Песна јасна, тагогласна - Тажно му пее сачмарката.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Сѐ е готово. Го слуша гласот на џуџето; - Сѐ уште не си зрел за мене.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
НАЦА: На сиромашката чорбаџика. (Почнува да ги, брише стаклата на прозорците.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО, ТЕОДОС, ПОЦКО, АМПО И ЦОНКА ТЕОДОС: (Доаѓа прв просто бегајќи пред Циганите кои идат по него.) Јас да бидам цигански кум, тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стариот Циганин не пушта од рака таков лов, таков гопем крап. (Од десно се слушаат гласови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Шшт! Нешто вика! (Се слуша гласот па Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
До никаде не му се слуша гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури тогаш почнав да му го слушам гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По пат долг и прашен од далеку вјасам, се наѕире село во зеленила цело, и шупелка ѕуни и се слуша гласот, пак во тебе мое, јас се враќам село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Откај кујната се слуша гласот на Мими: па да - појадок - како секогаш сестра му да нејќе да јаде, а мама Злата ја убедува: „Ако сакаш да станеш балерина, треба да пиеш многу млеко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како од некаква далечина го слуша гласот на Нина: -Ова е Влатко од мојот влез!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа скришум распосла поглед и и се пристори дека се уште го слуша гласот па деда си.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Браво! - се слушаат гласови од противничките ровови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лефтера ниско наведната го прескокна ровот, - Каде, мори? - се слушаат гласови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се слушаат гласови дека идната година, на пролет, голем бој ќе има на Грамос. Затоа врвца е патот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Аргирис, - одвај се слуша гласот на комесарот – ти си одговорен за копањето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
КРИСТИНА: Ми се тресат рацете, црвенеам без потреба, се потам, имам вртоглавици, гледам дупло, малаксана сум, не можам да станам од кревет, не можам да заспијам, ми чука срцето, се плашам од смрт, од живот, од луѓе, од животни, од мртва природа, се плашам од страв, се гушам, не можам да земам воздух, очите ми гледаат навнатре, ми бегаат во различни правци, ми се кочат ноѕете, ме следат, коваат завера против мене, сите ми се смеат, главата ми е мала како тупаница, главата ми е голема како тиква, ми бучи во ушите, слушам гласови, има уште некој во мене, ме тера на викање, ме тера на смеење, ме тера на молчење, гледам слики, мозокот ми се лепи за черепот, правам со денови исти движења, не правам со денови никакви движења, сега сум главица зелка, ме нема.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дончо запира, ги гледа, слуша глас од неколку клопотарчиња, го крева стапот и сака да потрча на кај нив со намера да ги тепа, ама во тоа не успева оти направо од меѓата од кај рекичката се појавува висок човек со голем стап во едната рака, а со другата го грабнува за вратот Еј, јунаку, кај си се загнал?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неути знм мари ќерко, одвај се слуша гласот на Митра, ки да имало адно таков у нас ал у Доне Гологлавјот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)