Веднаш потоа, по заповед на командантот на војската, Тоде беше ослободен, а утрото, дали од срам поради тоа што им се случи или од страв заедно со жената и со чупалето (Илинденка се викаше и таа беше мома, онаа што ја закопаа истиот час кога повторно се вратија во Потковицата) само со еден голем куфер, што го носеше Тоде на рамо, си заминаа од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но со изминувањеот на летото, и со секој нов ден на есента, бездруго поради студовите, се случи или, подобро, почна да се случува нешто од што на сите во Потковицата им олесна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Почна да ѝ раскажува на Џулија за нешто што се случи или, поточно речено што не се случи, во едно друго спарно летно попладне, пред единаесет години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Слично на клавирското дело Vexations (Досадување) на Ерик Сати, кој што може да се смета за прв концептуален композитор, драмата, акцијата, случувањата кај Empire се пренесени во аудиториумот, кадешто неупатениот гледач, навикнат на имплицитните конвенции на филмот (чекајќи нешто да се случи или тежнеејќи по навика да го изгледа филмот до крај) е соочен со еден вид изигрување.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ова е најекстремен пример на тотално неекспресивен, чист (апсолутен) документаризам во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се разбира, тој и маказарчани немаа ништо против да се изгради водовод, но дали веруваа дека тоа навистина ќе се случи или не, не можев да проценам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ништо не беше необично.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само што не бев сигурна за часот и денот кога се случило или кога ќе се случи тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да се земе било што од ова е лоша идеја, но Херман не го кажува тоа така.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој едноставно ја кажува очигледната вистина: ние не знаеме што е тоа, ако ја голтнеш сешто може да ти се случи или да не ти се случи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ни тогаш ни подоцна не се разјаснило дали Онисифор Проказник не знаел дека тоа ќе се случи или чекал најпрвин да се случи па потоа да се обиде да ги сврти луѓето против другиот Онисифор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако тежок на чекор, навидум дури и истоштен, Јаков Иконописец не можел да биде слаб во рацете додека со опнати коленици се подавал напред со вилата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник им викнал дека четвртата двоколка во редот е готова, дека ќе го продолжат патот до урнатината на кулата или на манастирот што не доизраснал до темното небо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така веќе не оди, си велиш како да заклучуваш којзнае што; и уште наредниот пат ја скратуваш постапката, без да измениш нешто во тактиката која воопшто не си ја смислил туку си оставил на случајот или на импровизацијата како ќе се случи или како ќе се одвива.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Наеднаш гледам, се обѕирнува кон мене, кон прозорецот, сака да ме види, како да бара помош да го потсетам што се случило или можело да се случи деновиве, и што било причина да ја поттикне власта да се заинтересира токму за него, но очигледно ништо не му идеше наум.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Размислувам, размислувам“, вика тој преку прозорецот, „а ништо не ми текнува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сѐ се случи или усно или молкум
како воопшто и да не било.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Што ми се случило или настојува да се случи, поправо се обидува, како што било тогаш, кога многу микроби би се здружиле во група и би се размножувале создавајќи уште...“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)