случи (гл.) - токму (прил.)

Дуждова Венеција и Италија на Мусолини, се испостави многу брзо, немаа многу заедничко за островјаните на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не само тоа, туку и другите нововековни непријателства околу превласта на двете држави над просторите на Медитеранот, една од одмаздите на италијанските окупаторски сили на островот, се случи токму врз митрополитот на Закинтос, владиката Хрисостом, виден духовник, интелектуалец, но и човек чија смелост го одржуваше достоинството и надежта на населението.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стравуваше дека може да се случи токму цариградската диплома, легализирана одамна во родната земја, да биде извор за нови подметнувања и денунцијации.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се случи токму во времето кога неговата сопруга почна со својата постојана пријателка попладне да излегува в чаршија сè поредовно и поредовно, тој да се праша: која ќе биде следната појава?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не се ни обиде да објасни дека нејзиното заминување од полето со војникот на бел коњ се случило токму на вториот или третиот ден од Големата војна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Приказната за застреланиот можеше да го означи и свршетокот на приказната за Ведран.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за твојот избор на младоженец, што го спомна со задоцнување, не ти забележувам. И не треба да се извинуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никој не му го знаел името на убиениот а тој одбил да открие кој е и од каде е.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И мило ми е што ова помеѓу нас се случи токму овде, покрај Пребег.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, поминало токму толку колку што било потребно посаденото да се запати, да нарасне и да заплаче!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А се случи токму во тие денови, кога се прашував зошто го нема, да слушнам дека убиле некого долу, во градот. Во некоја рација.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со сите оние авиони на небото. Со гласините дека непријателот од сите страни напредува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За Канети тоа бил тежок удар, но, подоцна признал дека било добро што ударот се случил токму навреме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таквите веднаш ги ставав на мојот список како потенцијална опасност за мојата безбедност. (Ова ви го кажувам зашто еднаш ми се случи токму таму, на последната постојка да ме потапка некој по рамо, се разбира да ме изненади и сосема да ме распамети.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сакаше да се излаже себе си, протегнувајќи се. Беше една попуста лага. Она се случи токму тогаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги броеше деновите тоа да се случи токму на Младенци, еден месец пред закажаната свадба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој не би издржал ако не се случеше токму така.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но тој не веруваше дека тоа ќе се случи токму на зборовите ајде и јаваш, на кои и не им придаваше посебно значење или на некој друг збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој слушна тамам толку од она што доаѓаше од телекранот, за да разбере дека сѐ се случило токму онака како што беше предвидел: една огромна поморска армада, тајно собрана, неочекуван удар во непријателската заднина, белата стрела продира преку опашката на црната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа се случи токму во пролетта 1993 година, во чудесниот провансалски Арл, во кој се чувствуваше опојната миризба на расцутените лаванди, на рузмаринот, на маслинките, низ нивните сенки, со боите на божилакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби затоа моето појавување во ходников за него не значеше ништо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби, тој несреќник, уште од порано си замислувал дека некоја негова голема радост треба да се случи токму овој ден, или во некој друг сличен на овој, па сиот оџагарен го очекуваше тој момент, тоа случување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак, раздвиженоста кај влезот а потоа и по ходниците, расфрланите хартии по скалите, растрчаноста на службениците, операцијата на расчистување што беше повеќе од очигледна, укажуваа дека некоја бура од цимолења и плач поминала помеѓу ѕидиштата и на ова здание и дека тоа се случило токму пред моето пристигање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, кога ќе се размисли трезвено, зар не можело да се случи токму така како што јас си претпоставувам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, З не предвиде дека сликовницата во која живееше може да падне во погрешни раце. А се случи токму тоа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)