Ама да, Клара Аицети и затоа се случи одново да ја почувствувам неа и омразата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Имено, токму тогаш, токму таа година се случи одново да заживее ајдутството во Прилеп, во сета Пелагонија и во сета Македонија, ајдути се појавија и во гората во Потковицата и во Чипиговски Мртвици, па врз Јанческите, со право падна сомнение дека тие го испратиле Бошета да стане ајдутин, а сами станале ајдутски јатаци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш ми е помалку важно, лична работа е по малку, јас со себеси; ја чувствувам сѐ повеќе како господарка на својата несреќа, далеку и сама, но господарка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)