Биле таму? Се случило некогаш нешто таму?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Впрочем, да додадам веднаш: мајка ми, никогаш и пред никого немаше изразено жалење заради она што се беше случило некогаш, во времињата на војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еднаш си ја дозволив дури и таа понизност да ја замолам, ако се случи некогаш да посака да ме види паднат, а притоа ако забележи дека не сум спремен да се бранам, нека не ме поттурнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зар да ги убедува грдите сеирџии дека она, што го сметаат за нејзина слабост е всушност нејзината најголема среќа?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)