Луѓето, се разбира, немаа разбирање за мојата состојба, никој не можеше да сфати каква треска ме имаше зафатено, тие си го продолжуваа шетањето во три колони баш како моите скопски мравки, стаорци и лебарки, ништо за нив важно не можеше да се случи надвор од нивните корупки, сигурен бев.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Она што ќе се случи надвор од нашата волја и од нашата моќ тоа мора така и да биде, зарем не е така? праша некого мајка ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)