Го познавам јас него, и тој, исто како и јас, обожава необични и опасни случки.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Откако му раскажав што и како се случи вчера во паркот, тој призна дека тоа било едно возбудливо доживување и ми се пристори дека помалку и му е криво што нему не му се случило.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А токму со ова многу обично и безлично, се случуваше вчера, всушност јас го означувам како изминат (и тоа засекогаш) првиот ден од смртта на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Лозан Перуника бил подалеку од тие настани. Седел сам на работ на плашливо разлистаната шума и со оган на нова треска мислел на немата девојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Она што се случило вчера крај исечените стебла како да било сон што сè уште не се сушел под стежнатите клепки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Го носи на душа покојниот Борис Калпак и виновен е за сѐ што се случи вчера. - Виде како ги исклавме оние што дојдоа да се колат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Можеби - а? - дошол да моли прошка, рекол Цветко Грнар. - Не дошол да моли, рекол Наџак-Јанко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Да, сакав да раскажам што се случи вчера, - се охрабрив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас не одговорив дека тоа се случи вчера кога си легнувавме бидејќи ја допратив до врата, туку само се насмевнав а насмевката по правило ништо не кажува кога не доаѓа директно од срцето, а уште згора на сето тоа додадов: ете не сум најсигурен кога се случи тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)