И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Милан беше зашеметен од ненадејната целосна смртоносност на Кетиниот свет, што се случи истото утро кога Рози беше однесена во болница, па сепак, како маж, чувствуваше потреба да ѝ каже охрабрувачки збор на жена си.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Такво беше времето кога се случуваше истото што секогаш се случувало само што тогаш поинаку.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И, невестата излезе и во неа сите препознаа Пепелашка и посакаа да им се случи истото: од клашнени волнени алишта да влезат во свила и кадифе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Стег и другите конзули на големите сили се плашеле дека во Солун, и воопшто во Македонија, може да се случи истото тоа што се случило порано со Ерменците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По она што се случило истиот ден вечерта станало јасно за сите дека во Солун била организирана “голема завера“ и дека лицето што го напуштило хотелот “Партенон“ и не се пријавило во полицијата бил патникот кој ја предизвикал експлозијата во “Гвадалкивир“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Да се спречи апсењето да се случи истиот ден, на 29 април, кога требало да почне главниот дел од атентатите, била главна преокупација на Шатев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некогаш многу подоцна, иако тоа се случи истиот миг, сознанието од Језекила го распара и оној продорен вресок; беше тоа еден таков глас, од кој морниците по телото се крвави, зачестени, немилосрдни боцкања со игли, еден цел сноп игли, што минуваат по целата кожа, а потоа се присобираат во темето и тука длабат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
АНТИЦА: Ти сама си го одбрала и те боли, ами да го земеше тој што ти го давале тие и да се случеше истото?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ете, тоа е лошата вест. И една многу добра.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Открив кој е таткото на Иван. Ја имам и неговата слика.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Денешниов Иван сликан пред дваесетина години.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но, за жал, и нему му се случи истото она што ние одамна го имаме откриено и доживеано: она, кога веруваш дека со раката брцаш во бочва со мед се случува да утврдиш дека раката си ја пикнал во помии.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А: Ракот значи на крајот сфати дека нема такво нешто такво како Совршен Грамофон.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ж: Па како што претпоставувате, се случи истото што и првиот пат, грамофонот се распадна на безброј парченца исто како и плочата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тогаш се случи чудо. Напишав нешто што личеше на стих.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Повторно ми се случи истото: Јас... Јас...
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Повторно ми се случи истото.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Да не имаа свој живот пенкалцата, како што ми беа живи сите предмети кога бев малечка, па сега ова си игра со мене?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се исплаши Дукле да не ѝ се случи истото она што ѝ се случи порано, го викна докторот Татули, тој ја прегледа и нареди да се однесе во болницата во градот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)