случи (гл.) - помеѓу (предл.)

Да, жално е денес да се констатира, но во тој наш разговор Ѓурчин не беше спремен да ми помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За мене, за заречениот ерген, појавувањето на таа иста Стојна на мојата врата по полноќ, не беше ништо друго туку почеток на втор дел или продолжение на приказната што веќе беше набележана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А другион дел од настанов, или непогодица наречи го ако сакаш, што се случи помеѓу мене и таа иста Стојна во наши денови, мислам на оној случај кога наврати во мојата соба во Бањи дури откако бев пензиониран, не можев да го протолкувам поинаку одошто само како нејзино навраќање кај старата љубов, за да чепне уште малку, се разбира нешто ако останало од таа стара љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој се насмеа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
" Мислам дека за тебе е најбитно да поверуваш во она што ќе ти го рече мајка ти", ме посоветува тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков дека многу би сакал тој да ми објасни што токму се случило помеѓу него и мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за она што се случи помеѓу Генералот и Рајна, ( а мислам оти беше во прашање само еден обичен флерт), сметам дека спаѓа во познатите каприци на нашата пријателка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа секогаш сакаше и нејзиното име да шета низ загадочните приказни чиј што свршеток никогаш не беше доволно јасен, иако напати можеше да се наслути".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае што сѐ се беше случило помеѓу него и Генералот, но тоа беше нивна пресметка, нивно недоразбирање и, се разбира, нивен грев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Која власт ќе можеше да го расправи тоа“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Можеби навистина беше така. Заборавете го случајот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)