Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Она што требаше да се случи не се случи таа вечер.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И сѐ се случи таа ноќ, со месечина полна колку што беше полна и душата на Писмородецот, Лествичник тогашен, со злоба и суета.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
О, оче мој, татко мој, Мида! Зошто братот мој, отец Лествичник не ми кажа никогаш какво собитие грозно се случило таа ужасна ноќ, кога си сочинувал преписот од источната одаја?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа никому, ни на моите најверни другарки им го немам раскажано тоа што се случи таа ноќ на почетокот на мај.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За сите смртта на најблиските е прерана, па кога и да се случи таа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Е, на! Па сепак можело да се случи таа да најде маж кога тој ќе биде под земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А таа се движела чудно згрбавена над леите во кои ќе сади арпаџик или лук и, иситнувајќи ги секаквите грутки ѓубре со прсти како со грибло, ја риела земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ако ја прифатиме постапката на нашава колешка, во иднина, охрабрена од денешнава подршка, да ли нема да се случи таа да се обиде да наѕирне и во другите уште поинтимни катчиња на нашите потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ретко се случуваше таа да го дополнува Татко, но, сепак, сега рече: – Душата е, синко, самото верување. – А каде води душата, Мајко? – Кон Бога, синко... – Има ли, Мајко, секој душа? – Има, мора да има! – А кога, Мајко, се чувствува имањето на душата? – Кога силно, најсилно се страда, синко!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од преголема желба да дознаам што се случило таа ноќ, веќе со ниет еден ден дури и да пишувам за семејната судбина, често инсистирав и прашував за да го дознаам и тоа што можеби и не можело објективно да се знае за патувањето, кое речиси паднало во заборав, па браќата велеа дека претерувам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)