Нема да заобиколувам: бев вистински вознемирен, а вознемиреноста поради исчезнувањето на Загорка Пеперутката произлегуваше и од сознанието дека она што се случи му се измушнало на моето внимание; дури склон сум да помислам дека за изведувањето на ова бегство било искористено и моето отсуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)