случи (гл.) - има (гл.)

Сè беше малечко, онострано и често здобивајќи се со карактер на повратна акција; како на обичната, земска стварност да ѝ се придружуваше уште некоја друга, несфатлива, и како последица на тоа сè што се случуваше имаше сосема поинаква, поместена, туѓа смисла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и подоцна по сите оние сознанија со кои се имаше здобиено од животот таа се трудеше самата себе си да се увери дека се можело да тргне и по други патишта, но и тоа што се случило имало свое оправдување а и свои вредности, па нема потреба да се оцрнува и да се трупа кај грдите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инцидент може да се нарече ситуацијата кога фиксираната камера во Vinyl падна од постолјето и беше вратена на место, а снимањето продолжи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Впрочем на какви убавини можев да се надевам ако останев во полето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој малку ќе потчитнеше, благо насмевнувајќи се; но сето напишано му изгледаше како да се случува на Месечината или во кутија кибрит.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сè што ќе се случи има зошто и како.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Туркање во кујната на неколку протагонисти во исчекување нешто да се случи имаме во Kitchen, каде Еди Сеџвик кива во текот на целиот филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)