слее (гл.) - во (предл.)

Ми преостануваше да трагам по миговите кога овие два живота биле најблиску еден до друг, кога биле подготвени да се слеат во една заедничка мисија што им ја наметнувала историјата, но, неочекувано, се разделиле, небаре според некој договор што остана голема тајна засекогаш.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега, како да се најде повторно во истиот транс од младоста, кога беше во разбранетиот Цариград, обземен од големата мисла дали, по завршувањето на отоманското право, да остане на Исток, да го земе семејството, па да се слее во новите млади Ататуркови ешалони, како и бројни негови сонародници и блиски, или да се врати на Балканот, да остане со своите, да ја продолжи татковата меланхолија, со надежите дека ќе замине, но верен на инстинктот на останувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И кога и шумата и ридовите се слеаја во едно, громовит глас ги поведе зад себе и сите тргнаа во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Матните потни капки се слеаја во бистрите солзи кои се лизгаа низ образите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Малата рекичка продолжуваше да прави мали слапови за на крајот да се слее во езерцето во кое пливаа шарени риби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“ (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна) со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови) брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус) Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна) знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот) шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тие мигови сѐ беше еден простор и едно време во кое јас и Ема, додека во мојот стан чекавме до крај да се исцеди тешката ноќ, да искапи како катран и да се слее во некој процеп без дно, ја живеевме претходната ноќ и ноќта по таа ноќ, оваа ноќ, како една единствена ноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како што сината светлина наидува, има еден миг во кој помислувам дека е најдобро да останам во белата светлина но таа станува толку блештава што имам чувство дека ако остана во неа, таа ќе ме слее во својата блештавост до исчезнување и затоа ѝ се предавам на сината чадлива светлина устремен кон она сјајно зрно во неа од кое таа се шири.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Секакви бучливи балкански јазици, таму веќе безначајни рекички, пред се да се слеат во еден, моќен и прекуморски јазик на кој исто така може да се пее и да се тагува, се мешаа, се зближуваа, се испреплетуваа, стануваа говор на заеднички потреби и верувања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можеше веќе да мисли дека повторува зошто огнометот и отпорот на неговите мисли се слеаја во треска, го полавија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И пред да ги дешифрира нејсаните мисли, тие глави се слеаја во една, киклопска и потсмешлива, и тој потсмев беше само прав од искршените гранки на еден повит.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сретнаа среде Заветна и се слеаја во долга прегратка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По гласот погодија кој е. Почнаа да се стрчнуваат кон него, да го удираат со веленца и со шубари, да го тркалаат. Од него летаа светулки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и тие што дојдоа и што доаѓаа до пеколот на ревење и на пламења, сите, ти велам, се слеаја во една сенка, сенката се распливна, избега низ ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тоа ме доведе до заклучокот дека црните луѓе не се појавуваат за да се истакнат и за да се наметнат, туку нивната цел е да се слеат во она што се нарекува сивило или секојдневие така отворајќи му пат на нов, поинвентивен бран на црни луѓе кои по неодредено време пак се појавуваат како предуслов за скршнување на животот во уште полош правец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во идеален случај уметноста треба да се слее во животот, сфатен како космички природен процес, и изгледа во тој правец треба да се бара смислата на Кејџовиот натурализам. 36 Margina #10 [1995] | okno.mk jazi~na poezija - partitura 3 Кејџовата употреба на јазикот е проследена со анархичност, споена со обидот во него да се внесе нешто од конкретноста и ликовноста на Кинеското писмо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Притоките на опулот му довстасуваат и до Езерото над кое старото небо добива нов сјај.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Инстинктот на самоодржувањето и на козите и на луѓето беше слеан во заедничка отпорна сила што не можеше да се уништи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)