следи (гл.) - наш (прид.)

Уште малку ќе бев вратен од Ќустендил назад со целата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедо иронично забележуваше дека границите ќе го следат нашето семејство и на небото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија: — Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош, но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не позволува никаква акција во наша полза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)