Бели се облаците кои го следат патот на мојата судбина, бели се копнежите, бела е бојата на невиноста, бела е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сино е небото а на него напишано моето и твоето име, сини се твоите очи, сјајни и топли, скриени зад завесата на очајот, сини се твоите погледи, вљубени во очите на љубовта, сина е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко додека го следеше патот на една голема количка која ги носи трите сандаци со книги, а Камилски чекори зад неа, слушајќи лево-десно коментари, дека си го потрошил времето за овие книги, кои ќе завршат на некој таван или подрум се сети на своето враќање од Цариград, многу години пред да се најде Камилски во Париз, кога во родниот Поградец крај Охридското Езеро, по студиите во Париз, стигна со една чеза во која имаше два големи куфери.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На крајот на дебатата за кабалистите тој сакаше да го каже својот заклучок: За кабалистот, за да се следи патот на мудроста, единствениот начин е да се мине достоинствено патот на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Високи модри планини се брановите на морската шир; По нив делфини го следат патот на господарот лут До мудроста на Нереј, до вистината една, до благ допир Посејдон сака да стигне пред да се оствари сонот злосут.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Жеравот го следеше патот на своето јато.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
III
ПИСМО ОД ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА
ДО ЛУАН СТАРОВА,
ПИШУВАНО ПО ЧИТАЊЕТО
НА НЕГОВИОТ
ЕПИСТОЛАРЕН РОМАН
ПОТРАГА ПО ЕЛЕН ЛЕЈБОВИЦ
Скопје, 28 март 2008
Драги Луан,
Ти благодарам што ми го испрати ракописот на Твојот најнов роман, насловен со таинствена, небаре јунговска синтагма Потрага по Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Елен Лејбовиц го следеше патот на моето семејство во текот на еден век низ балканските граници бегајќи од војната.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сакаше да ѝ зборувам за генезата на албанско-македонскиот конфликт во Македонија како закана за мирот во земјата и во регионот, закана за албанско-македонскиот соживот во кој истрајуваше моето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко и Игор Лозински остануваа сигурно единствените балкански утописти кои беа готови да го следат патот на јагулите низ водениот дел на планетата, поврзувајќи си ги и своите судбини.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко беше сигурен дека верно го следиме патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го спасуваше чувството за праведност и рамнотежа што ќе биде пресудно за иднината на семејството и во новиот режим кој се вестеше, но со верна мисла да го следи патот на јагулите кон Америка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше решен дефинитивно да замине по текот на овие води, да го следи патот на јагулите…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И како што минуваше времето, шансите на семејството да се помести кон Америка ја зајакнуваа татковата илузија да го следи патот на јагулите кон нејзините брегови.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Арно ама, мене јанѕа ме јадеше. Ќе го следам патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И Татко, во времето на ослободувањето, се најде заробен од мислата, сепак, да го следиме патот на јагулите кон Америка, сè додека не биде доцна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)