следи (гл.) - го (зам.)

А ништо помалку од сликата, не е загадочен ниту насловот (La mariee mise anu par ses celibataires meme), кој би можел и поинаку да се прочита, следејќи го принципот на двократното хомофоно читање, кое Дишан често го користеше.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Тоа лекува, следејќи го изгревот на сонцето ја примаме најчиста енергија низ нас.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога предавам за ваквиот начин на работа, следејќи го Брунер (1986), често пати им сугерирам на терапевтите да визуализираат аркада.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој пристап активно ги ангажира индивидуите во разоткривањето на загатките коишто терапевтот не може да ги реши.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако, со непогрешлива правилност, тие ослободувачки движења најпосле доведуваа до воспоставување на угнетувачки режими тоа е затоа што, следејќи го примерот на германскиот романтизам, меѓучовечките односи ги засновуваа врз мистичкиот модел за стопување а не врз правничкиот образец на уговор: слободата тие ја промислуваа како колективен атрибут, никогаш како индивидуално својство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас и ти, планино, остануваме” - шепотеше дедо Димо, следејќи го со замрежени очи својот внук што се разделуваше од планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одеа полека, следејќи го чекорот на другиот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој застана, а и таа, следејќи го неговиот ритам на движење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега тој многу јасно го виде на белината и своето зрно како одлета од врвот на неговата пушка и како ја фати насоката на она ужасно ѕвере, просто следејќи го в петици и сигурно настигнувајќи го, сѐ додека не се вкопа во неговата распафтана арамиска зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со разум може да се гарантира напредокот на земјата, но најчесто жртвите на големите идеали, кои често завршуваат и во илузии, идеалите си имаат работа со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Следејќи го транспортерот зад себе, се пластеа семожни претпоставки и варијанти во мојата свест!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Познати се неговите композиции со теми на војници нацртани 1909. и 1910. година (се совпаѓаат со неговите искуства во воената служба), каде е јасно видливо влијанието на детската уметност. Soldier on a Horse (1910-11), веројатно работена постапно во повеќе фази, ги поседува идентичните кроки, плоснатост и млитавост во формите и крајно симплифициран план на позадината како кај некои детски цртежи кои Ларионов ги поседувал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во времето меѓу 1912. и 1914. година, кога детското сликарството и поезија се посматраа како рекапитулација на „хармонијата и чистотата на детската душа”, неопримитивизмот на Ларионов го воздигнуваше враќањето кон детството, следејќи го трендовски новиот приод.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Следејќи го својот главно интуитивен систем, јас потоа се интересирав за нивните лица и ставот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вака, среќен што остана во живот, следејќи го патот на јагулите, по руските и европски реки, стигна до митскиот предел на најубавото езеро во светот, за чии живи фосили беше готов да го жртвува преостанатиот дел од животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова беше доволно Татко да не ја напушти идејата и понатаму да трага по излез следејќи го патот на јагулите низ родната земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш, во Татковата свест се роди идејата да избега што побргу, со семејството, небаре следејќи го патот на јагулите до Америка и назад, преку потомците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)