слева (гл.) - во (предл.)

Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Водата што извира од ридовите, тук- таму, во тенок млаз се слева во бистри кладенци, кои служат за напојување на добитокот и перење на облеките на жителите, потоа подземно се спушта, дотекува до двете селски чешми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Придушени крикови од Margina #26-28 [1995] | okno.mk 19 стотици илјади грла додека хектолитри крв се слеваат во канализацијата...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да стојат со скрстени раце во моментот кога вестите за ширењето и буењето на револуционерното движење се слевале во Солун и во Цариград од цела Македонија, било невозможно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Марта Маркоска Сите притоки се слеваат во моето корито (2009) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Сите притоки се слеваат во моето корито е нејзина прва поетска збирка.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И како аргументација на сево ова што претходно го загатнав, ќе ги приложам стиховите на Маркоска кои ќе ми помогнат во обидот да се биде искрен и воедно „теоретски” конзистентен, версус поетската книга „Сите притоки се слеваат во моето корито”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Нараснуваат, се слеваат во едно и, небаре орајќи меѓу брчките, се губат во густите веѓи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во ова пеење различните гласови, кои поаѓаа во различно време, се следеа еден со друг, но никако да се стигнат, како и брановите на синото езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така барем му се чини на Призрак, кој сепак, и покрај сѐ, и засекогаш, повеќе ги преферира филмовите, тие светлински игри.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така сѐ си се слева во некои мрморливи корита, од испишана хартија направени брод­чиња што полека се натопуваат и тонат, додека мастилото се разлева, буква по буква...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Три бели пласта, распоредни еден над друг, зависно од својата тежина, се слеваа во еднолична маса.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Слушај, тато, што пишува: - Како што изјави Тутиќ исцедените води од депонијата веќе почнале да се слеваат во Маркова Река, а од самата депонија една третина од непокриениот отпад се фрлени кожи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега сите информации за движењето на Чанга со козите се слеваа во еден центар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
3. Разбирање и вера Ти се чини како да ги разбираш празните места во историјата темните периоди кои страдаат од недостаток на материјални докази и сведоштва.  Како да го насетуваш топлиот бран кој доаѓа од задграничните предели на раз-умот кајшто расудувањето се слева во едно со верата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Санката почнува да се лизга сѐ потивко и потивко, фучењето на ветрот и на лизгањето не се веќе толку страшни, здивот веќе не застанува во градите и ние најпосле сме долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сè околу нас се слева во една долга линија, што јури и се врти...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тие минимални приходи што ги остварува угостителската единица во овој период продолжуваат да се слеваат во централната сметка на Центарот, и како по правило, угостителската единица не добива ништо за возврат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После 2000-та приходите во угостителската единица почнуваат значително да се намалуваат, а исплатата на платите почнува да задоцнува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)