По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Млад албански поручник, на лош грчки јазик, им наредува да скршнат десно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кочијата, во која покрај ковчегот имаше уште четворица мажи и, една жена, мајката на умреното, се упати по Пазарџиски Пат, тогаш во тие оддамнежни времиња, сѐ уште неразгазен, кон Прилеп, но кај Алило, после се дозна за тоа, скршнала десно, кон Битолско Џаде и по него, по Битоско Џаде, го однесле малечкото во Битола и таму, на тамношните христијански гробишта, го закопале.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Градот ги следеше од десната страна на насипот, особено некои големи и високи куќи со лснати џамови, ама кога скршнаа десно и откако ја поминаа градината со оголените дрвја, како да стигнаа на некое сосема друго место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)