скрие (гл.) - свој (прид.)

Трето: сакаше да ја скрие својата сенка зад едно буре пред зградата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Зарем така ти изгледам?“ ја праша авторот одвај успевајќи да ја скрие својата вчудовиденост што се граничеше со преплашеност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој и сега, поприлично остарен, не се труди да ја скрие својата воодушевеност од неа или поточно од сè она што го создаваат нејзините раце.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Александар се приближи до мртвото тело, не можеше да ја скрие својата длабока болка, ја соблече од себе наметката и ја спростре над покојникот за да го покрие.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Колку и да сакаше Татко да ги скрие својата внатрешна болка, својот пораз, во градот покрај реката, Мајка веднаш сети дека се случило нешто мачно. Ја насетуваше неговата драма.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Жените ги бришеа солзите, дедо Димо го гмечеше луленцето, а прстите му трепереа и никако не успеваше да го запали, а Денко и Бојан, главните јунаци на оваа свеченост, не успеваа да ја скријат својата голема возбуда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Колку и да успеваше да ги крие и најголемите емоции во животот, Татко, овој пат, не можеше да ја скрие својата голема возбуда.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)