скрати (гл.) - мака (имн.)

Овојпат побрза од неа, ја тргнав раката и мачката само ме прострела со жолтите очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Снешкото на балконот почнува да го губи достоинството, па домаќинката решава да му ги скрати маките: со еден замав на метлата го обезглавува и го исфрла на улица како партал.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По некое време реши да ми ги скрати маките и ме прекина: - Уморен сум, - ми рече, - те молам, не ме гњави со глупости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)