Договорот за вработување се склучува во писмена форма и се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот, а примерок од склучениот договор му се врачува на работникот – и тоа на денот на потпишувањето (чл. 15, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Договорот за вработување [кој порано се викаше „договор за работа“] има две подеднакво релевантни варијанти при склучувањето: прво – тој може да се склучи за време чие траење однапред не е определено – во којшто случај станува збор за работен однос на неопределено време; и второ – да се склучи за време чие траење однапред е одредено – при што, тогаш станува збор за работен однос на определено време (чл. 14, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Измените на договорот за вработување се вршат со анекс кој се склучува во иста форма како и договорот за вработување, а измените може да бидат извршени само доколку и двете страни се договорат за истото (чл. 11 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)