скара (гл.) - со (предл.)

Не сакав и да се скараат со сестрата на мојата мајка, па каква и да е таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го послушала. Не само што го послушала туку и го подбуцнала да се скара со некој од царевите тогашни за што поскоро тој да може да почне војна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но уката на чтението бара гласовите да се читаат; ти тоа добро го знаеш, нели?“, рече и благо ме скара со прстот, оти таа ука ја имав потценето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се скара со селските комунисти околу демократијата, дали е тоа бескрајна цел или орудие за стабилизазија на човековата свест, ги испцу и им рече дека се улави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имаше едни задригази жени, скарани со секоја идеологија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Чекај, Андреја! Не бре брате! Човекот е одамна нашеран во умот, скаран со ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СТЕВО: Истиот ден кога првпат ве видов се скарав со мојата девојка Лиле.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СУЛТАНА: Треба да се скара со сите. Сам! Сам!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не сакам да зборувам во детали за тоа како ми беше кога седнав на шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка ми ми имаше раскажувано дека на времето семејството на тетка Олга се скарало со семејството на покојниот мој вујко, по што неговата жена почнале да ја викаат „Марија смрдливата“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Што не се скара со деда му ако тој не е јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш ги гледавме последните советски филмови кои беа останати бескрајно да се вртат, дури и кога Тито се скара со Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш и јас многу се уплашив. Си велам: сега и попот е скаран со бога и никој никому не му верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)