Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но веднаш се тргна исплашен: Поарно што не ја фрлив и неа; можеше и мене да ме привлече да изгорам и јас во огнот. Co тие и уште многу црни мисли кадијата ја преседе таа ноќ и реши уште утре да ги испрати сужните за Истанбул, да му се симне еднаш тој товар од грбот и да се ослободи од стравот што го чувствуваше од Анѓиното присуство, убеден дека таа е вештерка, маѓепсницата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)