си (гл.) - жив (прид.)

А бидејќи немам мустаќи ме викаат Мише Ќосото. И за вас нека бида Мише Ќосото. — Да си жив, да си жив, јунак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу ти благодарам! Да си жив и голем да пораснеш!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сѐ додека си жив, тоа ќе остане нерешена загатка во твојата глава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеш дека сѐ е завршено, сѐ е готово, во тебе се одвива погреб, во твоето срце, со луѓе во процесија облечени во црно, тие го оплакуваат умрениот, а тоа си ти, а ти сѐ уште си жив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да си жив и здрав за многу години!“ извика Марко пресреќен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АНА: (весела, потскокнува). Да си жив!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не знаеш и до кај си жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш, однекаде се појави самоубиецот; скаменувајќи се, гледаше во мртовецот што се празнеше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Па ти си жив! Гаду! - завреска тој. -Ти поганиш, значи, жив си!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
АНДРЕЈА: Донесов ситен шеќер. МАРИЈА: Да си жив и здрав.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе те следи додека си жив, се сетил за зборовите на дамкавата Фиданка Кукникова на работ на лесновската шума.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, ти никогаш не си бил женет, ниту пак ќе се ожениш, бидејќи така си заречен – дури си жив да бидеш толку добар, што благодетите кои ти ги истура животот, да им ги подаруваш на другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така се зарече – додека си жив – благодатите што ти ги истура животот, односно Добре, најдобриот човек на светот, да им ги подаруваш на други! – одговорија елените во хор.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Па тие не се возеле ниту сто метри: од дворот до излезот од сокачето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Требало да свртат надесно па да излезат на големата улица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А за трошоци не зборувај. Ти да си жив и здрав. Автото се поправа. И ново се купува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Што ти е, повтори Ѓувезија Дубровска, целата си жива вода. - Ми е страв, повтори Сија Хаџибанова.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Затоа ми е страв и од тебе, рече Сија Хаџибанова.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)