си (гл.) - ништо (имн.)

„Ти не си ништо!” „Ти немаш чувство!” „Ти ни трошка жал немаш за татко ни!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Најди си го вистинското место. Барај! Не смееш да останеш тука. Тука си центар. Не си ништо.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Често покојниот татко му велеше: „Војната е, синко, многу нешто во животот: дури неа не ја поминеш, дури таа не ти помине преку главата, не си ништо; тесто си, зелено јаболко, кревко ластарче. А неа кога ќе ја поминеш, стануваш прекален...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)