си (гл.) - се (зам.)

Жените се кикотеа. - Што мори, зар пак и тој да не ќе најде подобра, ај бил учен, не го гледаш каков е смилосан. Таман си се врст.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ѓавол да те земе, колку си се преправил тептил42) што ни јас не можам да те познаам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Проштевај, не те познав! Многу си се изменил, си се испрашил...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Имаш најубави колена. Да, да, прво што забележав на тебе беа колената“, па моташ низ паметот кога си се прошетала во шорц пред него и си ја повлекуваш сукњата преку испакнатите, ’ко со вода полни примероци, и во чудо си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, вака, сите ти се смеат! Во нашиот дел на гости да не си се појавила со чаша!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Задоцни ѝ вечер од неодложниот состанок со колегите и колешките, ама со усул, и излажи дека си си се зезнал што си бил, ама, ете, немало смисла само ти да не одиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дека си поблиску до Атиџе, затоа што си се потурчил и дека таа ќе знае зошто си го сторил тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— И што не си се надевал ќе ти дадат, додава жената, и никој од тоа да ти посака, да ти земе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Аман, Оливеро! — Што си се разработила и ти ко смртта, ќе ми вели. — Како, ко смртта?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човек си се расположил, си легнал да спие, а вие сте се се растропале, божем!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но не бев сигурен дека сакаше да ме навреди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не си се потрудил подобро да ја запознаеш - ми врати Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
БОРИС: А зошто? Си се прашал некогаш зошто? И дали е добро или лошо што нема?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ќе те научам на памет, да знаеш! Многу си се разгалила.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ау, жив си, а помислив дека си се чпиртосал! - реков онака, на шега.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штотуку влегов - се правдаше Господ Саздов. - А ти доцниш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- А јас, братче, помислив дека си се забудалил кога го читавме писмото и кога те видовме искочоперен крај Буза, - рече Танас мавтајќи со рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да не си се препознала, Велико, вели. Јас ја изгледувам и си ја свртувам главата. И повеќе никогаш не ме праша за Неделка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не си се препознала, вели Стојна, туку сега ме викаат Велјаница Пармакоска. По мажот ми, Велјана, вели. 220
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си се фатил со бумбари лепешкари, тоа ти е...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мори, оти ваква си се сторила, ми вели Стојна Ресулоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)