- „Што ќе го читам јас кога ти си го прочитал”, рече Орде непријатно мрштејќи се и почна да се расправа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа беше врв на суптилноста: свесно да предизвикаш несовесност, а потоа, уште еднаш, да станеш несвесен за чинот на хипнозата што самиот штотуку си го извршил.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И сакаше да го замоли за прошка, да му каже нешто убаво, утешно, да му ја зблажи болката: Не жали, вујко Аргире, ваков си го видел, толку многу куќи си соѕидал!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ова што ти си го насликал е темнина човечка, порочна, грешна, гнилежна, црвоточна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А ти само климаш со главата, ја слушаш како последно да ти е, и ја разбираш, дека сето си го прошла, па и потешко од нејзиното а веќе го гледаш ко филмче во гравче, оловце, кафе....или во дланката.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
— Кај си го пуштил умот на пасење?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Не, ќерко, вели, многу другари си довела, ама вака никого не си го гледала во очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере тоа гајле.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- За секој случај, ти остави ми го тоа што си го извадил, па ќе видиме моиве мечиња ќе остават ли нешто за другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Си го видела ли ти некогаш Ѓорчета Петров?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Е, добро што не си го видел, му велам јас на Секулета Дамјановски.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)