си (гл.) - е (гл.)

Сѐ е наше, самиот игумен си е кефалија, разбираш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Што баш? - си промрморе Горда. - Секој си е башка будала.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но китот си е кит, со опашот и мава и гали...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Долгот си е долг и треба да се врати. Но, сенарот мислел поинаку.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А можеби и си е така, секаде на друго место, само не во она наше проклето село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прописот, си е пропис! Зарем мораше и во оваа ситуација да ме следи мислата за Иваз!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)