сеќава (гл.) - и (чест.)

Тоа не можеше да не го сеќава и она старче, па затоа секогаш гледаше да биде колку се може подалеку од него, од Змејка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сеќавам и на „Робинзон Крусо“... Не сум знаел што иде во животот...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа го сеќаваат и двајцата живи овде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ така ми текнува по нешто: зад онаа куќа ме клоцна магаре, се сеќавам и на првиот снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)