сече (гл.) - од (предл.)

Го остави до неа торбичето, го крена секирчето и почна да сече од сувите гранки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се фатија за работа. Горјан сечеше од посланата 'ржана слама и го полнеше самарчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И јас сечам од шумките што ги досегам. Повеќе ги џвакам, отколку што ги сечам, ама толку е силата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)