сече (гл.) - дрво (имн.)

Та кој знае, та шо знам, ами дали ќе дојде". Mope со едно мануање не се сече дрво бре, будала еден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дури Куле сечеше дрва, Крсте ѝ ги носеше и странеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работната атмосфера стана особено тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој требаше повторно да се впрегне во исцрпувачката работа од зора до мрак и пак да го дочека Белчета за да дува и ука на рацете кога ќе вади слама за беговите волови, кога ќе сече дрва за беговата одаја, кога ќе го крши мразот по водениците за да сомеле што побело и поситно брашно, од кое неговата друшка — робинката — треба да меси бели погачи, да сучи танки мазници, баклави, да прави слатки алви и шеќерпариња за силникот — бегот, а таа со својата рожба да ги топи сувите корки во врела вода во котелот на верушките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога вечерта си легнале децата, слушнале како маќеата му вели на татко им: „Утре ќе ги земеш децата и ќе ги однесеш во гората каде што ќе сечеш дрва.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бојана сечеше дрва до три наутро, а кога конечно престана со грчењето, низ главата на Александар почна да му се врти сеќавањето на посетата на Дарко во НОВ ЧОВЕК.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Плевната од својата источна страна имаше просторен трем, со стреа, каде што понекогаш, кога врнеше, се прибираше добитокот, каде што понекогаш во врнежливите денови се вршеа некои работи: се прибираше компирот, се сечеа дрва, се сушеше навлажнето сено, се приготвуваше зимница, која потоа во поголем дел се пренесуваше в село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја одведоа до бригадата што сече дрва во тајгите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не грижи се, вели, јас пак ќе сечам дрвја во тајгата, а ти ќе голташ прав и ќе плувосуваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И копаме ровови, сечеме дрвја и правиме засолништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
31. Некого уапсија додека сечел дрвја, ред брестови со пресечени стебла помеѓу еден „фолксваген“ и „валијанат“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Горјан и Огнен се фатија за работа. Едниот сечеше дрва со секирчето, а вториот ги местеше и странеше за товарање.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го обеси торбичето на една гранка и почна да сече дрва.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)