Кметскиот го сети тоа и се поприбра.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но, Белгијците од ништо направиле многу нешта, како што се сетиле тоа да го сторат и со „белите населби“, за кои инвестираат мали, средства, а пак затоа од друга страна, многу печалат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко го сети тоа исто онака, како задоволство од некоја многу тешка, но свршена работа, од која сега требаше да се одмине понатаму Беше тоа еднаш едно негово постојано чувство, и сега тој пак го имаше него, исто онака чисто и силно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не заради себе, туку заради Претседателот. А Претседателот не можеше да не го сети тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Никој друг нема да го сети тоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Го сети тоа свое испраќање како стои тука во таа безгласна застојаност, и сѐ, што можеше да стори, беше да се наведне и да го подигне на своите раце тој свој малечок другар, што и сега почна да му ги лиже прстите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)