Тука се бабините! открива нешто убаво во срцето забележувајќи како се стиснати околу неа, ама така, при свртувањето, додека низ нејзината глава се разбиструва сликата од мигновеновиденото: Добра со малечката таму во ќошот, со главата во скутот на мажот, а тој седнат со грбот на штиците и со отворена уста, Чана со мајка ѝ крај неа Види лебати, Чана си има ќерка! и никако да се сети кои се другите расфрлани низ бовчалаците и пљачките, и одеднаш она убаво во нејзиното срце станува болка.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А во внатрешноста на гаражата, покрај тезгето, стои некој човек постар од Еда, средовечен, кого Едо го знае, но никако не може да се сети кој беше тој.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Евто се сети кој е, стана и му отвори.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Не можам да се сетам кој го рекол тоа и долго не се обидувам да знам. како се да е под глуво, стаклено ѕвоно: ветрот, гробиштата, јас.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Знаем дека тој збор ми беше страно важен, ама ете никако да се сетам кој збор беше а знам...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Го знам овој човек, но никако не можам да се сетам кој е.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Никола исто се напрега, се мачи да се сети кој е овој што му честита Нова година - со визиткарта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)