седнува (гл.) - спроти (предл.)

Таа брзо го вовлекува внатре.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потем седнува спроти него, но веднаш потстанува) Чај, господине?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Мишко несигурно, како сомнабулист, чекори кон Саздо и бавно седнува спроти него, заинтересиран очигледно.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Седнува спроти Ана. Гледа во неа.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Цупкаше од една нога на друга, облечена во црвени тренерки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој внимателно ја седнува спроти прозорецот во полупрофил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ШЕФОТ: (Зема некакво списание од масата и седнува спроти Саздо) Колку долго си на 212?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)