седнува (гл.) - покрај (предл.)

Надвор снежи а ти влегуваш облечена Во твојата црвена кошула Ги отвораш ноќите и потоа седнуваш Покрај огништето: догоруваат нежните стебленца на нашата цреша Ти се стискаш во мене, полека заспиваш И пред сонот ми велиш: - Гледај, црвена бубачка умира во пепелта.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со лименката наполнета до половина, се враќа под стреата на бараката каде што живеат падавичарите и седнува покрај Нумо, кого неодамна го донесоа од Сук.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дека ќе стражари ноќите во куќата, над празните кревети на двата сина, и посебно над нејзиниот неспокоен сон, кога таа конечно ќе заспие од умор и растечки неспокој.  „Мислат, тато“, конечно му одговара Нина седнувајќи покрај него во суката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На, тате. (Седнува покрај татка си. Симка, со ѓумови во рацете, врви низ собата и излегува во дворот по вода).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)