седи (гл.) - околу (прил.)

Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Масата наредена со разни салати и јадења, а единствени кои седат околу неа се двете сестри близначки и зетот Михали.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги гледаше како одат по сокаците изнабесени на нив со: кошници, сита, вретена, фртоми, синџири, потковки, ендезиња, брдила, кросна, кации, пирустии, сорови, ченгели, резиња, дрмуни, оглави, гребла, ѕвонци и други дрангулии и викаа умот да ти го извадат; навечер палеа огнови крај езерото кои одблеснуваа во водата како да ја потпалуваат; седеа околу нив со раширени нозе да се топлат;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)