На дрвено миндерче седеше човек, со долга црна брада.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Зад нив седи човек и чита некаков стар весник.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си седи човекот и со жонглира со своите реквизити–пиштолите, камите,пендреците, јамките, сандаците за извлекување од под нозе и сè друго што тој може да има.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Седи човеков, и само ги помазнува густите мустаќи. Голем, и физички, онака, здрав, сврзан.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И двајцата ги раширија рацете и се прегрнаа.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Се поздрави со Стоја и со Трајка, им ја честита новата снаа и, по обичајот, си го зеде пагурчето од камарчето над оганот. (Да му се најде нешто в раце: Невела е да седи човека празен на радост или жалост, „господ да чува!“)
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)