Па сепак, и тие во својата левантска острастеност претеруваа, брзо се палеа и потоа одеа до крајности.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори... Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Димензиите на моментот се сосем различни, така на пример, моментот на создавањето на светот во Библијата трае шест (човечки ли? Божји ли? земни ли?) дена, сосем на ист начин како што објективно не се точни изразите: „еден човечки век“ - кој не трае стотина свртувања на Земјата околу Сонцето; - „уф, колку беше долг денот” - кој не потраја подолго од пропишаните 24 часа и цела низа останати изрази и фразеологизми, сврзани со индивидуалните сфаќања на времето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)