Сино е небото а на него напишано моето и твоето име, сини се твоите очи, сјајни и топли, скриени зад завесата на очајот, сини се твоите погледи, вљубени во очите на љубовта, сина е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Црвено е виното на дното од чашата, црвена е бојата на розите во нашиот дом, црвени се бакнежите на вљубените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се разбира во рамки на ваква, условно неминовна еклектичност, многу е важен изборот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Важно е, кои се твоите влијанија. Шварценегер или Бела Хамваш? Мадона или Кронос Квартет? Тимоти Лири или Борхес?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сети се кој си, кој е твојот интерфејс, кои се твоите динамички инпути и аутпути што те одржуваат!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сети се кои се твоите динамички инпути и аутпути!
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
- Ма, не трескај... - Светлана го прекори Никодин. Тоа се твои пари Радице, и ти да си ги трошиш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А капак на сѐ ми се твоите будалаштини.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
И нема да можеш да ги носиш доволно долго за да ги разгазиш, не се твои… не заборавај.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Земи го ова стапче, разбуричкај низ тревата, размавтај и сѐ што е живинче: змија, гуштер, глушец, оса, еж, - сѐ ќе избега. Потоа јагодите се твои.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се оддалечував и овие зборови со мисла му ги упатив на заспаниот човек. Тој продолжи да спие.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кога ќе се разбудиш, расправај се со кавгаџиите. Подвикни им со некој трет глас и смири ги. Тие сепак се твои.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Татко му на Бузо позелене и зајадливо дофрли: „Ха, копилиња посинуваш! Малку ти се твоине.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
ИВАН: Смири се. Сето тоа се твоите ослабени нерви.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Тие не се твои! - довикнав низ прозорецот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)