Или овој случај на делумно заминување Му припаѓа на билтенот бизарни авантури? (Нели авантурите се ретки доживувања Дури и на храбрите ловци на среќа) Но двојникот во огледалото можеби си мисли: Ваквите случаи се игри на смртта; Ќе се насмееш и насмевката ќе се вкочани; Ќе те остават вкочанет а притоа и застаклен Ќе ти дозволат самиот себеси да се загубиш.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
(Дведенарките во оризот се ретки како школки во паеља.)
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
За мене овие ноќи се ретки како есенското сонце за чергари.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вистинските уметници се ретки. Поради тоа мораат да бидат претставувани и поддржувани.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)