Да не речат дека сме туѓи на честа и дека фалби се нашите цели.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ние мариовците во Мариово, прилепчани — во Прилеп, битолчани во Битола и така со ред. Ви вела тиа се нашите луѓе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ама пак работата е тамо: сете, браќа, сете ако станеме, тогаш нешчо може да биде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Мамо, ти нема ништо да им направиш на зајачињата. Тие се толку добри! Тие се наши другарчиња!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Тие ни се нашата тапија, коренот, потеклото...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Опколен со бадеми од книги, се прашувам која е мојата, кои се нашите? – чувствувам нелагодност меѓу тоа мноштво печатени страници, немоќ меѓу тие мртви и живи талентирани умни луѓе.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
А колку сме сега, ќерко? Прво ни населија Турци од мала Азија, а сега половина од муслиманските домаќинства се наши луѓе, потурчени.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Како да се наши, а не се наши.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа се нашите политички слогани. Тој тип на гестуален јазик е идеолошки конститутивен.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но едновремено имаме „E.T./phone-home“ и „Beam me up, Scotty“ - кои обата се пример за изедначување на неслични семантички елементи како дел од конечна стратегија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
О, бабо, тука ли се нашите пилиња?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кучињата се наши пријатели. Сте биле овчари, знаете.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И пак им реков на жените – сигурно се наши, само се преправаат...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако ги немате тие документи, за жал, нема да можете да влезете во Албанија. Такви се нашите правила. Простете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но ние не ги заборавивме нив. Ова се нашите непријатели. Тоа е сигурно.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Горе, луѓето трчаа кон ракетата. Смит трчаше. Резултат. Ова се нашите непријатели.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А и сите луѓе на светот се наши луѓе. А навалуваме еден на друг.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)