Па сепак - ништо и не исчезнало: Нивната Светост - Атомите, единствената неуништлива твар на животот, која го памети и Создавањето и сѐ друго што одминало - се вечни!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Најчесто, овде, поразен остануваше народот, со векови закоренет, имајќи ја фаталноста како надрелигија, односно верувањето дека сѐ ќе мине, оти и империите не се вечни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Молитвите се вечни, тие спас ќе ми понудат...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)