Кочо направи знак оти разбира. - Јас сум им војвода на шумците. Пет илјади се под моја повела. Дење ме гледаш овде, а ноќе...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Едни селани со нивните учители и попови ја признаваат Патријаршијата и се под покровителството на српски или грчки конзули, а други го признаваат бугарскиот егзарх и ги слушаат бугарските трговски агенти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Постојат стотици договори за трговија со медитеранските градови и со балканските владетели,” извика Марин Крусиќ, „а трговските колонии на дубровчаните, како што треба веќе да знаеш ибн Тајко, насекаде низ Балканов се под посебна заштита.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако тоа го бара ликвидацијата, тие можат да склучуваат и нови зделки на друштвото во ликвидација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ликвидаторите можат, во согласност со содружниците, односно со акционерите и со доверителите, да отуѓуваат одделни објекти од ликвидациониот имот на одделни акционери и на содружници – ако со тоа не се повредуваат правата на другите содружници, на акционерите и на доверителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2) Недоверба на работниците во бирократизираните синдикални лидери и разочараноста од декоративната улога на „жолтите“ синдикати Овде треба да имаме предвид дека и денес, не само во високоразвиените западни земји, туку и во „земјите во транзиција“, синдикатите се далеку најголемата компактна политичка интересна заедница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако друштвото има орган на надзор, ликвидаторите се под негов надзор (чл. 542, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ама како што Движењето за социјална правда „Ленка“ нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на македонските работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова навистина се битни прашања кои заслужуваат сериозно внимание и за кои е неопходно, во блиска иднина, заедно со работниците и нивните синдикални „ќелии“, здруженија или неформални групи да поработиме на т.н. синдикално образование, односно на работничка трудовоправна едукација преку разни форми кои ќе ги оцениме како погодни (перманентни предавања, серија трибини, периодични семинари, кампови, школи; како и преку книги, брошури, флаери, списанија и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ќе го позачистат и го јадат. Ама сѐ скришум, оти се под стража. И ако завтасаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)