— Што ќе бидат оние луѓе, аџаба? — му се испушти од грлото, а вилиците веќе му се затресоа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Борис со биноколот забележа како откон селото Будимерци се движи народ; препозна дека не се селани, ама не личеа ни на аскери.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)