Надрипросветари ги учат младите дека на такви прашања за вредностите нема одговор, дека тие не можат да се проверат ниту да се разјаснат, и дека тоа, всушност, и не се некои прашања или дека тоа се прашања „пред сите” прашања.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Директорот на Атеистичкиот музеј, А.А., во чија строга надлежност се прашањата на душата, трансцеденцијата, има и свој „оригинален“ придонес и во „ресчистувањето на овие теоретски прашања“ за кои сталинската идеологија наводно има што да каже.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Колку е човекот условен од знаењата што ги има за историјата, колку традицијата, преданието, фактичката историја, се неопходни аспекти на личноста, може ли да се постигне индивидуација без присуство на таа компонента, се прашања кои Башевски ги разгледува поставувајќи паралели меѓу Симона и неговиот предок, како и меѓу „ликот“ на селото и она што е задржано во колективното паметење и, конечно, меѓу историчарот Владе и наводните документи за историјата на селото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)