Сите го запреа здивот за да можат да слушнат што ќе биде и кои се овие наседнати на масата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот „пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие сега што нападнале во Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш зошто се овие обиди со сите средства да се убедат луѓето во најпростата вистина – за најобичното непостоење на душата?!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Четиринаесет се според словенскиот јазик и тие се овие: Б, Ж, Ѕ, Ц, Ч, Ш, Ш, Ъ, Ы, Ь, Ѣ, Ю, Ѫ, Ѧ.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Се опитав да се сетам и да си одговорам, од каде се овие ѕвездоровидни суштества?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Колку прекрасни се овие луѓе од книгите! Ја бараат и ја најдуваат смислата на своето постоење.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Какви ли се овие молскавици и грмотевици?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
РАЈНА: Какви се овие муабети, лежење во кревет, гледање во таван цел ден, ракии, не си измиена два месеца, уште да мочаш во гаќи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
МАТЕЈ: Молам? (Пауза) Има ли некој што нормално зборува да ми преведе. Какви се овие фрази?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Попусто се овие нивни заканувања; попусти се настојувањата да нѐ истребат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сакав да викам од прозорецот, но ми текна што ќе речат: какви се овие партизанките.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ми пријде како некое животно, се боревме, мислев дека ќе го победам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Некој џган се овие, си велам избркани од дома се овие.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Којзнае какви пилишта се овие, велам, лиоти, лилјаци ли се, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не се овие како Витомир, како Милан К. Димиќ од село Мириево, не се како другите. Овие уште џвакано јадат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излегува, по него, едно војниче, застанува пред Турците и вели: - Не се овие за селење, вели, овие беа мирни луѓе и сиромаси.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)