Уште од почетокот се гледаше дека тоа ќе биде уште еден митинг, кого тој мораше да го издржи и тука немаше што да се стори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но оваа надеж сега ѝ изгледаше јалова и пишман се стори оти не си ја сврши сама оваа работа, туку тргна по маѓии и басни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му се стори дека тој со сите свои сили се држи за нешто и тивко се смее.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
— Добро утро, сестрице Митро! — Ја поздрави Доста Митра, на која ѝ се стори овој поздрав необичен, оти нашите селани и селанки ретко се поздравуваат меѓу себе дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)