Му реков на татко да не ме нуди, а и јас не го кревав капакот на ковчегот врз кој спиев и не го барав шишето што и не се криеше, туку само се запаструваше да не се скрши.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И тоа што се кријам од неа и не сакам да ја видам не значи дека јас неа ја мразам 100 посто.
„Диво месо“
од Горан Стефановски
(1979)
На сината сообраќајна табла над стрелката што покажува лево – натпис: Микролимни, под кој се крие старото име на селото Лак.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)