се (гл.) - гледа (гл.)

Ете, сето тоа и уште многу, уште безброј нешта се гледа од прозорецот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стивенс трчаше по неа, но навлезе во честакот каде што ништо не се гледаше и каде што од неа никаков шум не доаѓаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Очите му шетаа и скокаа како маслинки на зејтин, ама и во нив не се гледаше ни жал, ни лутина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ене од оној другион свиок веќе се гледа. Очите да им пукнат ако не е така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во практиката, потребите на населението се секогаш потценети, што резултира во хроничен недостиг на половина од животните потрепштини; но на тоа се гледа како на предност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)